Вашето резиме е најбитниот документ кој ќе го напишете или дизајнирате. Тоа може да ви ја донесе работата од соништата доколку го составите на правилниот начин. Кога го испраќате своето резиме испраќате дел од себеси. Затоа, искористете го тоа во ваша полза. Исто како што се облекувате убаво за интервју за работа, направете го убаво и резимето со кое го покажувате интересот за работата. Овие иновативни резимеа го привлекоа нашето внимание.