Многу млади од Македонија мечтаат да ги посетат и работат во големите Американски градови – Њу Јорк , Мајами , Чикаго, Бостон , Лос Ангелес .... Но да се најде студент на кој 3 лета поминал во најголемиот и најубав Национален парk во Америка , претставува изненадување. Од оваа причина за нас интересно беше да ги пренесеме импресиите што Стефаниа Макаровска ( студент на Економскиот Факултет во Скопје ) ги има од ова уникатно место.