Месечината и Марс во „Гугл мапс“ беа внесени уште во 2014 година, со цел да се прослави втората годишнина од „прошетката“ на роверот „Кјуриосити“ по површината на Црвената планета. Единствената работа што недостасуваше беше можноста за набљудување на нивото на површината. За сите посетители кои сакаа малку повеќе, беа воведени уште неколку планети: Меркур, Венера, Плутон и десет месечини.