Олимписките игри пристигнаа и може да започнат, а официјалните лица ги извршуваат и последните подготовки пред свеченото отворање. Со секои поминати игри, се' повеќе и повеќе градови низ светот започнуваат да се прашуваат дали вреди да бидат домаќини на оваа манифестација. Повеќето градови едноставно немаат соодветна инфраструктура која ќе го издржи приливот на спортисти, навивачи, тренери и членови на медиумите. Износот за изградба на спортските објекти е се' поголем, а академските истражувања велат дека трошењето милијарди за настан кој трае само две недели и не е баш мудра инвестиција.