Полжавите се неодоливи малечки суштества кои излегуваат со дождот и исчезнуваат кога времето е суво. Додека многу луѓе претпоставуваат дека полжавите имаат многу краток животен век, тоа воопшто не е вистина. Некои полжави живеат 5 години додека други можат да живеат и до 25 години. Кога дождот исчезнува тие пронаоѓаат скришни места во дрвјата - се виткаат во нивната школка и се прекриваат себеси со течна мембрана за да спречат сушење. Кога следниот дожд ќе пристигне тие повторно излегуваат. Проблемот е тоа што тие се толку мали и е потребен само еден погрешен чекор и тие да бидат изгазени. Некои љубезни луѓе одлучија да им помогнат на овие малечки суштества со обојување на нивната школка. Со посветли бои, овие полжави ќе привлечат внимание кај луѓето и тие ќе внимаваат каде газат.