Едно од ветувањата кои Трамп го даде за време на претседателската кампања беше и изградбата на ѕид на границата меѓу Америка и Мексико со цел да се намали бројот на нелегални имигранти. Тој вчера ги најави плановите за изградба на предложениот ѕид - план, кој за голем дел од јавноста е доста контроверзен. Моментално, границата помеѓу Америка и Мексико се протега на 3.200 километри од Мексиканскиот Залив на исток до Тихиот Океан на запад.