Мирисот на смртта се ширеше низ Стариот град на Мосул кога Ајман Хашем се врати оваа недела за да види што се случи со неговиот дом. Неговото соседство беше непрепознатливо. „Сè што остана се урнатини, додека телата на семејствата останаа заглавени под нив“, вели 23 годишниот Ајман. Тој врти низ фотографиите од неговиот телефон, покажувај фотографија по фотографија. Неговата куќа е пресечена на пола. Тој мораше да го покрие носот со кошулата поради мирисот кој го испуштаа мртвите тела.