Изминатиот викенд, во Кина се одржуваше годишниот државен тест за прием на факултет. Речиси 9.8 милиони средношколци го полагале овој тест на 7 и 8 јуни. Овој тест предизвикува критики од страна на некои експерти во полето на образованието од повеќе причини, меѓу кои и големиот притисок кој се врши врз учениците. Тестот се поврзува со зголемениот број на случаи на самоубиство во Кина поради големиот притисок и лошите резултати.