И покрај сите лоши ефекти кои дрогата ги предизвикува, и физички и емотивно, не постои сомнеж за визуелната стимулација која таа му ја дава на корисникот. Токму ваквата визуелна стимулизација графичкиот дизајнер Меган Ли се обиде да ја отслика во нејзиниот проект наречен „This is your brain on drugs“. Нејзините постери се обидуваат да ги илустрираат луцидните ефекти што секоја дрога на објективен начин ги предизвикува кај човек, особено кај оние кои никогаш не земале дрога.