Кога ја споменуваме Венција, веднаш ја асоцираме со вода. Но, дали некогаш сте помислиле дека може да има премногу вода во ово историски европски град? Кога фотографот Наталија Елена Маси дознала дека Венеција се соочила со прилично голема поплава, веднаш ги спакувала торбите и одлучила од прва рака да ја истражува. Иако не било првпат да ја посети земјата, целото искуство прилично ја изненадило. - Слушнав за поплавата од вестите. Живеам во Италија, во Бреша, град што се наоѓа на 100 километри оддалеченост од Венеција. Знаевме дека има поплави. Венецијанците се навикнати на тоа, но овој пат се соочија со исклучително голема плима - вели Наталија.