Во текот на денешниот ден на факултетите беа одржани алтернативни предавања од областа на образованието, се гледаа филмови и се свиреше музика. Истовремено, студентите го минуваат времето творејќи, па добивме многу нови уметнички ремек-дела кои сега ги красат факултетите. Во текот на денот, бојкот на настава се случи на Педагошка академија, Факултет за ликовна уметност, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет, Земјоделски факултет и Архитектонски факултет. На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на прогласување на Автономната зона на ФЗФ/ФЛФ, во знак на поддршка не се реализира настава.