Веќе тече вториот ден од окупацијата на техничките факултети. Овде гледаме храна, материјали за лична хигиена, душеци, ќебиња. На програмата се часови по латино танци, проекции на филмови, говори од професори. Наскоро ќе уживаме во предавање од астрономското друштво, а за вечер е најавена свирка. Атмосферата е весела. Студентите веќе го украсуваат факултетот со сопствени уметнички дела. Во процес е и чистење на читалната, кадешто се спиеше.