Швајцарија е политички неутрална земја, меѓутоа сепак има доста силна војска. Низ швајцарските алпи може да се пронајдат воени бункери внимателно скриени како да се вклопуваат со околниот пејзаж. Некои од нив се камуфлирани како огромни карпи, други како тивки вили или плевни кои се отвораат во случај на вонредна состојба за да откријат топови и тешки митралези. Секој голем мост, тунел, пат и железница е наместен за да може намерно да се распадни кога и да е потребно. Патиштата можат да бидат претворени во писти.