Бројот на жртвите од големите поплави во грчкиот главен град Атина достигна 16, известува Министерството за внатрешни работи. Повеќе од 20 лица се повредени, а едно лице се води како исчезнато во катастрофалната поплава што локалните медиуми го опишуваат како „библиска“.