„Немам формула за тоа што е добар филм. Тој може да доаѓа од било која кинематографија, да припаѓа на било кој жанр. Дури и комерцијален филм може да биде добар, голем филм, иако тоа поретко се случува“, вели Милчо Манчевски во интервјуто за Факултети.мк. Покрај филмовите на познатите режисерски имиња Ингмар Бергман, Р. В. Фасбиндер, Нагиса Ошима, Жан-Лик Годар, Орсон Велс, Акира Куросава и Милош Форман, Манчевски ви ги препорачува следните филмови кои доколку не сте ги погледнале, дефинитивно треба да го направите тоа.