Според истражувањето направено од веб страната „GoEuro“, која рангирала различни пасоши врз основа на трошоците, бројот на работни часови потребни за да се здобијат, и колку долго документот е валиден, како и тоа за колку земји обезбедува безвизен влез. Со сите овие факти земени во предвид, шведскиот пасош е најкорисниот пасош во светот - на Швеѓаните им обезбедува пристап до 174 земји во светот за само 50 евра, додека најлошиот пасош е авганистанскиот, кој овозможува пристап до само 28 земји во вредност од 97 евра. Жителите на Авганистан мораат да работат 183 часа пред да го добијат документот, во споредба со еден час работа во Шведска.