Кога цврсто спиете, вашата потсвест го презема вашиот мозок и вашето тело и им наредува. Но позицијата на спиењето во која најчесто спиете открива како се чувствувате за вашиот партнер и за себеси. Вашиот говор на телото доаѓа од дел од мозокот наречен лимбички мозок наспроти когнитивниот мозок кој ви овозможува да размислувате за работите, па така говорот на телото ги открива вашите вистински чувства за другите. Всушност, кога спиете вие сте поискрени и поранливи. Пети Вуд, експерт за говор на јазикот и автор на „Success Signals, A Guide to Reading Body Language“ со други експерти за спиење и психолози, спроведоа истражување и ги открија најпопуларните позиции за спиење помеѓу партнерите и какво значење имаат тие.