Дали се сметате за добро-образована личност? Културна личност? Според чии стандарди? Да се биде отмен и културен на денешницава секако не е исто како порано. Впрочем, што значи да се биде културен? Дали во формулата се вклучува помнење равенки или главни градови или одговарање битни филозофски прашања? Во обид да ги одговори овие прашања, Ешли Монтагу ја напишала книгата „The cultured man“ во 1958 година. „Slate“ ја опишува книгата како водич со тестови од 50 категории во повеќе области.