Планинарите Синтија Бенет и нејзиното момче го посвоиле нивното куче Хенри во 2014 година. После неколку месеци, двојката одлучила да посвои уште едно домашно милениче. Бенет сакала да посвои маче, и после пет месеци барање тие конечно ја пронашле мачката Балу. Кога ја запознале со Хенри, Балу се заљубила во него. Така, Балу и Хенри станале неизоставен дел од нивните патувања.