Соседството Ајбург е најнова област во Амстердам, изградена над неколку вештачки острови кои се собрани од езерото Ајмер. Амбициозниот проект се`уште е во изградба, со што се преселени повеќе од 20.000 луѓе. Кога ќе заврши, соседството ќе има 18.000 домови, 45.000 жители како и училишта, продавници, забавни центри, ресторани и плажи. Еден од многуте иновативни проекти за домови се одвива во Ватербурт или областа на вода. Ватербут е дел од Ајбург соседството и е лоцирано на „Steigereiland“ кој претставува главниот пат за пристап до Ајбург преку Мостот Енеус ерма. Соседството има 75 куќи кои лебдат.