На почетокот на овој месец НАСА ја објави првата мисија со која ќе го лансира нивното „чудовиште“ од ракета, наречено „Space Launch System“. Во 2018 година НАСА ќе испрати 13 сателити со големина на кутија од чевли наречени „CubeSаts“, чијашто цел ќе биде да студираат различни аспекти на животот во вселената како и ледените депозити на Месечината. Главната цел на ракетата ќе биде за длабоки вселенски мисии на НАСА до Марс и пошироко.