Република Македонија монетарно се осамостои во 1992 година. Никола Кљусев, првиот премиер на Република Македонија ги презентираше првите македонски пари - денари. Името на македонската парична единица го предложи Македонската академија на науките и уметностите, а потекнува од стариот римски денариj.