За многумина декември е еден од најубавите месеци во годината, а тоа се должи на предновогодишната атмосфера и еуфорија која го зафаќа секој од нас. Убаво накитените улици, домови и излози даваат посебен шмек на ладните денови пред Нова Година, а сијаличките во различните бои на секого му го топлат срцето и го разнежуваат. Токму ваква романтична и предновогодишна атмосфера имаме на најурбаното место со најубав поглед во градот на кеј, Bella Vista – Lounge bar & Restaurant. Освен вкусната храна и пријатниот амбиент, Bella Vista на кеј ја донесе Мала Италија во центарот на Скопје, а прекрасната претновогодишна атмосфера со ѕвезденото небо никого не остава рамнодушен. Се гледаме во Бела Виста на Кеј!