Повеќе од пет години некогашниот Студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, попознат како „Медицинар“ беше грда слика покрај Клиничкиот центар во Скопје со разрушени бараки, испокршени прозорци, купови ѓубре. Илјадници студенти по медицина, фармација, стоматологија и други факултети овде го поминаа своето школување.