На подрачјето на светски познатото живеалиште на змии Нарцис во Канада 75.000 змии излегуваат од своите скривалишта и се будат од зимскиот сон за да учествуваат во нивниот ритуал на парење. Огромниот број на змии може да се забележи во последната недела од април, додека во парењето учествуваат најголем дел од нив, а тоа се случува во втората недела од мај. После парењето змиите одат во мочуриштето каде се задржуваат во текот на летото. Нивниот ритуал на парење се смета за еден вид на атракција која со нетрпение ја чекуваат биолозите и многу посетители на местото Нарцис.