Со дизајн предводен од Вернер вон Брауун, V-2 не била подготвена и распоредена во силата се` до крајот на Втората светска војна, кога Хитлер бил очаен за ново супер оружје со кое ќе си го зајакнел моралот кој полека му исчезнувал. Ракетата висока 13 метри била дизајнирана да достигне брзина од повеќе од 5.600 километри на час и да погоди претходно поставена цел на далечина од 320 километри со помош на жироскопи, акцелерометри и стабилизаторски перки.