Утрово вообичаената неделна тишина во центарот на Скопје беше прекината од вревата на многубројните учесници кои се појавија да зeмат учество на ревијалната Виз Ер Скопје 5 км трка која започна точно во 09 часот. Над 3.000 учесници на своите стартни позиции, по звукот на алармот за старт, го започнаа својот ревијален круг, стартувајќи од улицата Димитрија Чуповски на Рекорд, низ булеварот Климент Охридски, низ Илинденска, Франклин Рузвелт и долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов се упатија назад кон финишот.