Познатата веб страна „Business Insider“ создаде листа на најдобрите бизнис визионери кои на светот му даваат поголема вредност. Голем дел од рангирањата се фокусираат само на оние кои постигнале огромен финансиски успех. „Се смета дека заработката на пари е правопропорционална со успехот. Но, ние сметаме дека ова ја осиромашува мисијата и чувството за цел што голем дел од бизнис лидерите ги нудат за своите компании и производи. И секако ги уништува инспиративните достигнувања“, вели извршниот директор на „Business Insider“ Хенри Блоџет. Ова се најдобрите визионери.