Данската кинематографија често пати е занемарена. Иако Данска е мала земја, и иако не произведува мејнстрим филмови, сепак нејзините филмови изобилуваат со црн хумор, реализам и филозофски теми како религијата и моралот. Данска исто така има и добар дел визионерски директори. Со раѓањето на киното (на почетокот на 20-от век), Оле Олсен ја основал првата данска филмска компанија, „Nordisk Film“ и овозможил Данска да стане место на талент кога станува збор за филмови. Подоцна, ова беше продолжено од Карл Теодор Дрејер, кој повторно докажал дека Данска може да направи добри филмови.