Вода - ова беше темата на годинешниот фотонатпревар „ХИПА“. Наградите беа објавени на 7 јуни, а големата награда вредна 120.000 долари отиде во рацете на Јасмин Кери од Австралија за нејзината прекрасна и етерична фотографија од кит-мајка како спие покрај нејзиното младенче. - Кога облаците почнаа да излегуваат, навистина ја омекнаа светлината и расположението во водата. Животните како да беа свесни за нашето присуство, но не дозволија тоа да ја спречи нивната врска. Гледајќи ја сцената, знаев дека е магична и се надевав дека успешно ќе ја доловам - изјави Кери.