Психолошките трилери беа чести пред ерата на современите блокбастери. Тоа се филмови со често напнати и вознемирувачки сценарија, кои ве тераат длабоко да навлезете во таа параноидна фантазија. Тие не` потсетуваат дека безбедноста е кревка конституција и дека се` што е потребно за одземање на нашата безбедност е само една личност која ќе одлучи да престане да игра според правилата на општеството. Што тогаш?