Доколку размислувате за промена на вашето работно место, и тоа во странство, „Гласдор“ има информации за компаниите кои треба да ги барате. Интернет-страницата за вработување од САД состави листа од 50 компании чии вработени се најзадоволни според оценувањата на самите вработени. На листата се наоѓаат големи имиња како „Фејсбук“, „Епл“ и „Најк“ но и некои помали компании кои допрва ќе станат големи.