Плажата Грејс Беј во Карпиското Море е новиот светски хит, кога станува збор за најдобрите плажи, а ранг листата ја направиле самите туристи, корисници на „Trip Advisor“. После две години на прво место, плажата Баја до Санчо во Бразил, повеќе не се наоѓа на тронот и ја загуби битката со плажата Грејс Беј во Карпиското Море. Најдобрите светски плажи се избрани врз основа на нивниот квалитет и квантитет на понудата за гости како и оценката на плажите во периодот од една година.