Драган Николиќ, една од најголемите филмски ѕвезди од поранешна Југославија, глумеше голем број впечатливи улоги што е навистина тешко да се пребројат. Во првата голема улога заблеска како Џими Барка, сезонскиот работник со лабилен морал кој не успева да го пронајде своето во општеството и животот. Овој филм за многу филмски критичари е еден од најдобрите филмови создадени на просторите на поранешна Југославија. Ова се некои од неговите најкултни улоги по кои ќе го помниме секогаш.