Постои едно златно правило кај сите што патуваат: Ако не сте направиле фотографија, никогаш не сте биле таму. Доколку ова е точно, тогаш веројатно најфотографираните места се и најпосетувани. „Sightsmap“ неодамна пресмета кои се најфотографирани места во светот користејќи апликација на „Google“. Меѓу првите десет има места во Италија, Унгарија, Франција, САД итн.