Доброто CV е првиот чекор кон добивање на одредено работно место. Пред се`, тоа е можност да се издвоите од маста и големата конкуренција, но може да биде и одраз на креативноста на една личност. Секако, доколку немате многу време или креативност, постојат голем број примери кои би можеле да ги искористите, меѓутоа добро би било да се потрудите и да направите нешто оригинално. Бидете сигурни дека оригиналното и уникатното CV може да биде вашата карта за вработување во посакуваната компанија. Во продолжение ви нудиме некои од најуникатните резимеа кои тешко е да останат незабележани.