Фотографот Оливер Куртис во сосема ново светло ги претставува најпознатите знаменитости во светот. Фото-сесијата насловена „Volte-face“ ќе биде прикажана во септември 2016 година, а фотографот ги направил во период од четири години. Оваа серија фотографии успева да ја долови интензивната атмосфера на светските знаменитости без да ги фотографира истите. Кертис објаснува дека идејата ја добил додека бил во посета на големите пирамиди во Гиза.