Зимата е прекрасно време за патување низ Европа. Една од причините е традицијата да се организира божиќен пазар. „European best destinations“ ги прогласија најдобрите божиќни пазари во Европа за годинава. Меѓу најдобрите се најдоа германски пазари, како оној во Ахен, Келн, Дрезден и Нуремберг, но и пазари во Обединетото Кралство и Швајцарија. На првото место се најде град близу до нас - Загреб, Хрватска. Во изборот за најдобра божиќна дестинација учествувале 101.703 лица од 176 држави од светот. Загреб добил речи и30.000 гласови. По него се најде Стразбур, а на третото место е Ахен.