На секој ученик му е потребно катче за учење. Ова катче треба да биде практично и по мерка на детето, со соодветен простор за складирање, кадешто работите ќе бидат на дофат на рацете. Исто така, просторот за учење и пишување на домашни задачи треба да биде пријатен и изолиран од врева, со удобна маса и столче, добро осветлено природно светло и опремена ламба која се става од левата страна доколку детето пишува со десна рака.