Коронавирусот одложи и откажа стотици свадби. Стресот и разочарувањето што го предизвика кај невестите и младоженците низ светот е сосема разбирлив, а пандемијата имаше огромен ефект врз оние што работат во свадбената индустрија. И свадбените фотографи беа сериозно погодени, а голем дел од нив сега се соочуваат со финансиска криза. Но, не е сè така мрачно: за време на карантините, некои свадби успеале да се одржат, иако со минимален број на гости. Како и да е, вљубените успеале да стапат во брак, а фотографите успеале да ги фатат најубавите моменти.