Фотографијата беше објавена во јануари и открива остаток од супернова оддалечена околу 20.000 светлосни години од нас во северното соѕвездие Сагита.
Користејќи сурови слики од вселенското летало „Џуно“ на НАСА, научникот Кевин Гил го создаде овој впечатлив изглед на „Џет Н6“, регион во северната хемисфера на Јупитер.
Ѕвезди што експлодираат, црни дупки и многубројни планети се меѓунајневеројатните космички фотографии за 2019 година. Нахранете ја вашата потреба за небесни погледи на универзумот со изборот на „Нешнл Џиографик“ на некои од најдобрите вселенски фотографии.