74 годишниот шампион во бокс, Мохамед Али, почина вчера откако бил примен во болница во Феникс поради респираторни проблеми. Од неговиот олимписки златен медал во 1964 година, до неговата победа која му ја донесе титулата светски шампион во тешка категорија, па се' до палењето на олимпискиот факел во 1996 година, Мохамед симболизира успех и големина со неговата кариера.