Порталот „Politico“ состави листа на личности кои се највлијателните во земјите членки на ЕУ. На листата се најдоа 28 луѓе од 28-те членки на Европската Унија, кои имаат големо влијание во својата област на делување и кои можат да ја променат европската политика. На листата, помеѓу останатите, се најде и конзервативниот и контроверзен унгарски лидер, Виктор Обрван, како и комесарот од Данска Маргрет Вестагер која започнала војна против големите компании.