Група на компјутерски програмери составија „Python“ скрипта која собира податоци за стотици илјади записи од Википедија. Потоа ги рангирале според должината, бројот на линкови до страните, и колку долго тие живееле. Резултатот даде листа на највлијателните луѓе на сите времиња, од лидери кои ослободиле луѓе (Абрахам Линколн), до лидери кои убиле милиони (Јосиф Сталин). Листата е потсетник за привилегијата, бидејќи постои само една жена и ниту еден Афроамериканец на листата.