„Тајм“ и годинава состави листа од највлијателните тинејџери во светот. Листата за 2015 година ја сочинуваат 30 млади луѓе на возраст до 19 години кои имаат најголемо влијание преку социјалните мрежи и генералната способност за пренесување вести на поширокото население. Меѓу тинејџерите се наоѓаат актери, активисти, мали претприемачи и инженери, математичари и деца на политичари, како ќерката на Барак Обама.