Напуштените градови на Фукушима се откриени пет години после нуклеарната катастрофа, откако јапонските градови морале масовно да се евакуираат на 11 март 2011 година и изгледаат како да замрзнале во времето.Во серијата морничави фотографии може да се виде како изгледаат напуштените супермаркети и продавници, полни со отпадоци и остатоци од животот кој некогаш се живеел во овие градови. Малезискиот фотограф Кеов Ви Лонг успеал да влезе во областа носејќи маска за да ги направи овие прогонувачки фотографии. Нуклеарната катастрофа принуди 150.000 луѓе да ја напуштат областа која сега е пустелија.