Денес постојат онлајн информации за речиси секој од нас. Без разлика дали тоа се профилите на социјалните мрежи, податоци кои се чуваат во облаците, стари пораки оставени на форуми за кои едвај се сеќаваме дека сме ги посетиле или нешто сосема друго, нашите животи сега може да бидат потенцијално откриени од било кој со интернет конекција. За сите оние кои сакаат да свртат нова страница во својот живот и да исчезнат од интернет просторот, ви нудиме неколку начини како да го направите тоа.