Историјата ни покажува колку лесно можат да се променат националните граници, иако ние се`уште сме убедени дека тие се постојан елемент. Овие фотографии од различни национални граници низ светот докажуваат колку самите нации можат да бидат и пријателски и непријателски расположени додека ја „бранат“ нивната територија. Границите кажуваат многу за односите на земјите кои граничат една со друга. Границите меѓу пријателските нации, особено оние во Шенген зоната, се речиси и непостоечки, обележани само со една линија или знак. Другите граници се обележани или со природни граници како реките, или пак направени граници од самиот човек.