Кога Рикардо Бофил пронашол напуштена фабрика за цемент во 1973 година, тој веднаш во неа здогледал свет на можности. Била родена „La fábrica“ и 45 години подоцна, структурата била целосно трансформирана во спектакуларен и уникатен дом. Фабриката, која се наоѓа во непосредна близина на Барселона, работела во периодот на Првата светска војна, меѓутоа била затворена. Кога Рикардо и неговиот тим ја купиле, воочиле дека се потребни многу поправки. После неколку години делумна деконструкција, одлучниот архитект продолжил да го уредува екстериерот на имотот со вегетација и да го опремува ентериерот како модерен простор за работа и живеење.