„Cărtureşti Carusel“ или „Рингишпилот на светлината“ е монументална градба од XIX век која е трансформирана во прекрасен архитектонски украс. Градбата се наоѓа во срцето на Букурешт, на долга енергична улица, а околу неа се наоѓаат рани кафулиња и пабови. Опкружена со боемски, традиционални и луксузни бутици, оваа книжарница вистински се вклопува со својот иновативен и елегантен стил. Книжарницата е на 6 спрата, кадешто можете да најдете над 10.000 книги, 5.000 албуми и ДВД-а. На горниот спрат има бистро, мултимедијален простор во подрумот, а на првиот кат е галеријата посветена на современата уметност.